Радио Милева не е во шоуто, ама...

Твоето лице звучи познато: Емилија Розман како Зорица Брунцлик? (ФОТО)

Твоето лице звучи познато: Емилија Розман како Зорица Брунцлик? (ФОТО)

Емилија Розман деновиве одново го привлече вниманието на јавноста. Македонската убавица откако се врати од една од своите „работни прошетки“ по егзотичните дестинации низ Европа, од каде барем еднаш неделно споделуваше „скокотливи“ фотографии, овој пат не ги интригира љубопитните со телесните атрибути, туку со нешто сосема друго.

Имено, „г-ѓица Розмантична“ сме ја виделе во разни изданија, зашто Емилија поседува и тело и лице кое трпи стотици трансформации. Од ултразгодна и сексапилна, со изразено јака шминка и сосема без неа, од закопчана до грло до „пиштол гола“… Ама Емелија Розман како Зорица Брунцлик, никому ниту на крај на памет не би му паднало и никако не би можел како таква ниту да ја замисли!

И сега некој ќе се запраша да не случајно македонската убавица ја викнале да учествува во забавно-музчкото шоу „Твоето лице звучи познато?“ Не, ова не е ТЛЗП, ама Розман комотно може да ја менува српската фолк ѕвезда Зорица Брунцлик!

Зашто според она што го покажа на најновата фотографија, г-ца „Розмантична“ и ексцентричната српска фолкерка по се изгледа имаат ист вкус… Барем кога е фризурата, односно бојата на косата во прашање!

Со последната трансформација  македонската убавица неодоливо потсетува на она што и е вообичаен имиџ и стајлинг на фолк пејачката.

Па  има ли попдобра реклама од  фризура во боја на циклама? па Брунцлик со години ја носи, на неа изгради цела кариера, а Розман… Неа, никој не ја тера се обои така, туку самата така посака… За госпоѓица Розмантична да биде поразлична, ама пријателките сепак искоментираа на кого личи!

 

 

 

 

 

To top