Македонската ТВ водителка и пејачка Сузана Турунџиева покажа дека топлата прегратка и емоциите се важен дел во животот.
Но, не било кои туку за да се биде вистински родител треба да се почитуваат и да се истакнуваат само и само оние позитивните бидејќи во спротивно децата поинаку не можат да разберат, туку напротив може само да останат повредени и исфрустрирани.
Таа на социјалната мрежа Инстаграм напиша една подолга порака со цел да ги потсети сите родители дека со децата и во нивниот раст немаме право да им ги покажуваме разочарувањата од животот на возрасните.
„Ако Бог те благословил да станеш родител, секогаш имај на ум дека:
– Твоето дете не е виновно за лошиот ден кој си го имал(а).
– Твоето дете не е виновно за твоите фрустрации или трауми од детство.
– Твоето дете не е виновно затоа што ти не си ги реализирал(а) соништата кои си ги сонувал(а).
– Твоето дете не е виновно за проблемите и несогласувањата со твојот партнер.
– Твоето дете не е виновно за твоите стравови, стресови и љубовни разочарувања.
– Твоето дете не е виновно затоа што дошло на овој свет по твоја одлука и избор, кој ти и само ти го имаш направено.
– Твоето дете дошло на овој свет за да те излечи и научи да сакаш на начин на кој не си ни замислил(а) дека можеш да сакаш.
– Твоето дете дошло на овој свет за да му даде смисла на твојот живот и да те научи да се носиш со сите потешкотии и да се бориш секојдневно, за да бидеш подобра, поуспешна и помудра личност од вчера.
Твоја должност и обврска е да му ја пружиш максимално твојата љубов, грижа, време и внимание, особено да ја активираш твојата присутност , во секој ден ид неговиот живот!“ – напиша таа.
View this post on Instagram
Дека вакви мотивациски обраќања се повеќе од потребни докажува и секојдневието во кое се почесто се стремиме кон самостојност и недостаток на внимание од родителите без да бидат свесни за тоа.
За потсетување, Сузана Турунџиева ги има двете ќерки, Лора и Матеа, а од Лора го има внукот Јаков.
Фото: Принтскрин/Сузана Турунџиева