Радио Милева негативни коментари

Твитерџиите ја обвинија Рада Манојловиќ дека е хомофоб, а таа жестоко им возврати: „Не ми е галје кој што има во гаќите“ (фото)

Твитерџиите ја обвинија Рада Манојловиќ дека е хомофоб, а таа жестоко им возврати: „Не ми е галје кој што има во гаќите“ (фото)

Пејачката Радмила Рада Манојловиќ беше мета на твитерџиите кои ја обвинија дека е хомофобична, откако негативно го коментираше стајлингот на трансродовата актерка Хантер Шефер.

–  Модните експерти се возбудуваат поради ова, „леле, неверојатно, екстравагантно, модно изразување, креативна слобода“, велат тие. „Ова е мода Радмило, која ти не ја разбираш“, море марш. Твојот идиотизам е висока мода, уметничка слобода и секогаш „има порака“ – напиша Рада Манојловиќ со слика од американската актерка.

– Радо, ова што го правиш е дно. Зошто го навредувш Хантер, кој јавно се идентификува како транс жена? Верував во се, но дека и ти ќе бидеш хомофоб, не! Срамота! Со вашите коментари плукате по целата ЛГБТ популација! Единствено што ни треба сѐ уште хомофобните изјави на полуголата пејачка Рада Манојловиќ – гласи еден од коментарите на објавата на Рада.

– Го коментирам фустанот, односно стајлингот и лицемерието на модните критичари кои што би рекле истите тие што сега ја фалат неа/него ако го облечам јас, а ме нарекоа хомофобична (плус не знам кој е на сликата). Вие сами се пронаоѓате во тоа , апсолутно за вас никој не е виновен. Ниту некој ве спомна  опуштете се, баш ми е гајле кој е кој и кој што  има во гаќите и како се изјаснува. Ниту една секунда не помислив на тоа, а не знам ни кој е на сликата! Јас само го коментирав стајлингот, а вие успеавте да го извртите. Правите жртви од себе, но со навреда и напад на мене – напиша Рада на Твитер.

Фото: Принтскрин/Профимедиа/Горан Срданов/Рингиер

 

To top