Тања Раѓеновиќ, една од најпопуларните ТВ-личности во Србија, неодамна се најде во фокусот на јавниот интерес поради натписите на некои медиуми дека „физичкиот изглед го доведе до точка на непрепознатливост “ поради бројните пластични операции.
Водителката на „Националниот дневник“ на ТВ Пинк, реши на интересен начин да одговори на тврдењата дека била подложена на бројни интервенции, и дека ги наполнила усните, ги подигнала очните капаци и направила други операции. Тања, всушност, објави селфи фотографија без филтер, со коментар:
– Јас и сите мои „пластични операции“… Колеги, основно правило, проверете го изворот – рекла Тања која ги обележала луѓето кои се грижат за нејзиното лице, а не за операција, како што тврдеа некои.
Раѓеновиќ исто така напиша: – А да, кога ќе се оперирам, ќе ви направам и видео – на шега рече ТВ ѕвездата, а потоа покажа на шминкерот од Пинк и се пошегува: „Станавте пластичен хирург“!
Фото: Принтскрин/Инстаграм