Радио Милева нов обид

Турскиот актер по третпат на „лудиот камен“: Неговата мајка одбила да дојде на свадба (фото)

Турскиот актер по третпат на „лудиот камен“: Неговата мајка одбила да дојде на свадба (фото)

Озџан Дениз, еден од најпопуларните турски актери повторно стапна на „лудиот камен“. Овој пат се ожени со Иранката Самар Дадгар со која е во врска две години.

Згодниот Оџан, кој иако има педесет години, лесно ги крши срцата на понежниот пол на Босфорот, а неговата две ипол децении помлада избраничка се одлучи за едноставна церемонија, која се одржа на 20 јануари во нивниот дом.

Го кажаа судбоносното „да“ пред дваесетина луѓе. На венчавката присуствуваше братот на Озџан, Ерџан, но не и неговата мајка, која јасно стави до знаење дека е против врската.


Озџан Дениз веќе има брачно искуство. Тој беше женет двапати и татко е на четиригодишно момче. Можеби Самар има среќа по трет пат?

фото:Инстаграм/ozcandeniz

To top