Радио Милева му се заканува робија...

Турскиот актер може да заврши во затвор поради обвинувања за физичко насилство врз бивашата сопруга?

Турскиот актер може да заврши во затвор поради обвинувања за физичко насилство врз бивашата сопруга?

Турскиот актер Озџан Дениз кој на публиката е познат по неговата улога во серијата „Истанбулската невеста“ може да заврши во затвор поради насилство над неговата поранешна сопруга  Фејза Актан.

Имено, како што пишуваат турските медиуми, истрагата е завршена и обвинителството поднело тужба против Озџан во која бара казна затвор во траење од шест месеци до максимум година ипол.

фото: Инстаграм/озкан дениз

Фејза изјавила дека сопругот неколку пати ја претапал, а првиот пат тоа се случило пред три години во нивниот дом во областа Сарјер. Открива дека третиот физички напад се случил во Германија.

Како што пишуваат турските медиуми, на судот сведочела дадилката на синот на поранешниот пар, нивните заеднички пријатели и сестрата на Фејза.

фото: Инстаграм/озкан дениз

Актерот истакнал дека не се точни тврдењата на неговата поранешна сопруга.

To top