Веќе пишуваме дека група познати Македонци меѓу кои пејачи, водители, стилисти беа на спонзорирано патување во Анталија- Турција поради маркетиг стратегија за најава на летната сезона низ неколку ексклузивни хотели.
Од многуте нивни објави кои ги гледаме на социјалните мрежи, јасно е дека се забавувале и уживле до максимум, но на една забава веројатно претерале по што упаднала турската полиција и им ја растурила забавата, пишува Либертас.
Дали добиле или ќе добијат казни за прекршување на корона- протоколите засега е непознто.
Evde misiniz? Bugün Manavgat’tan Instagram storyleri 🎉 pic.twitter.com/2rHz08VfI5
— Coronavirus Report 🔴 (@KoronaReport) May 2, 2021
На социјалната мрежа Твитер се појави видео од спорната забава, на која е евидентво дека им било лудо и незаборавно, па за момент би помислиле дека е некое ретро видео од времето кога не заневме за коронавирус.
Инаку, поради коронавирус пандемијата, Турција воведе целосно затворање од 29 април до 17 мај за да се запре ширењето на вирусотот.