Македонската пејачка од албанска националност Туна Сејдиу важи не само за една од најпознатите како кај нас, така и вио соседството (Косово, Албанија), туку и за една од најзгодните и најсејксапилните на нивната естрада.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kako-od-bajkite-tuna-sejdiu-ima-golem-povod-za-slavenje-foto/
И покрај тоа што пејачката уште пред две и пол години се оствари како мајка, донесувајќи го на свет синот Тиан кој годинава ќе полни 3 години, Туна веднаш по породувањето својот изглед бргу го доведе во совршенство.
Денес оваа атрактивна убавица изгледа како вистинска секс бомба. Особено кога ќе се разголи и ќе ги покаже своите телесни атрибути.
До душа, разголувањето не и е прв пат на пејачката чија естрадна професија последниве години оди некако рака под рака со покажувањето на телесните квалитети, па така уште отпорано Туна покрај вокалните способности, не ретко играше на картата на својот сексапил, кој пали, како што искра пали сув барут.
View this post on Instagram
Овој пат Туна не промовира ниту нова песна, ниту кадрите се од некој нов видеоспот, туку пејачката едноставно го минува својот зимски одмор на топла и сончева дестинација на море… Во далечната Доминиканска Република.
Можеби во овој период повеќето од луѓето преферираат планина, снег и зимски спортови, но Туна очигледно повеќе сака да е на среде зима на плажа! А кога е веќе на топло, тоа подразбира дека телото треба и да се соблече за ем да се сонча, ем да се лади… од глуждови до гради!
Атрактивната Туна на својот „зимски“ одмор, уште еднаш ја покажа својата совршена фигура без маана, на песочните плажи на Доминикана. Иако затскриена зад огромниот сламен шешир, не можеа да не се забележат бујните атрибути на расната русокоса!
Распослана на песокот на плажа или седната во базенот, погледот на Туна ќе ви го разубави денот.
Бујна однапред, раскошна одзади, расната Албанска дива покажа дека и среде зима повеќе сака да плива, отколку да скија!