ТВ водителката Лила Филиповска не за џабе е највлијателната инфлуенсерка на социјалните мрежи во Македонија, привилегија и бизнис што и овозможува многу од нештата кои ги рекламира и промовира да допрат до нејзината армија следбеници.
Па така, Лила и овој месец мај очекувано го започна летото порано.
Ги спакува куферите и правец на аеродром- на лет кон Турција, односно Бодрум. Дестинација и хотели каде за претстојното лето им предлага на следбениците дека треба да биде нивниот и секако нејзиниот избор.
View this post on Instagram
На Истаграм веднаш почна со објавите уште од аеродромот во Истамбул, а подоцна и од луксузниот холет каде е сместена. Домашните медиуми пак, објавија за новото патување на Лила во Турција, а насловот не ги оставни рамнодушни некои поедници за коментар со доза на иронија.
„Туф, туф, сега мирно ќе спијам!“, гласи коментарот под објавата, а Лила го виде, па и таа не остана имуна за реакција.
-Драго ми е, напиша Лила.
Досега имало мал милион коментари на нејизна сметка, но очигледно овој пат ова изгледа доволно ја испровоцира да возврати. Едно е јасно, дека Лила мирно и слатко ќе спие во Бодрум е повеќе од сигурно.