Мегафон

„Ту челос“ на 6 октомври во Скопје!

„Ту челос“ на 6 октомври во Скопје!

Една од најуспешните светски музички атракции во моментов, дуото „Ту челос“ (2 CELLOS) оваа есен доаѓа во македонската престолнина. Во рамките на последната светска турнеја, насловена по нивниот најнов албум „Score“, популарното дуо ќе настапи во Скопје на 6 октомври годинава, во ВИП арената „Борис Трајковски.

„Ту челос“ за првпат доаѓаат во Македонија со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години го имаат во сите големи арени низ целиот свет. Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со својата брилијантна работа успеаа нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис – да се успешни и нивните концерти да се распродадени на сите континенти, и тоа во сите големи светски сали, што до нивното појавување беше незамисливо за една кросовер музичка атракција.

To top