Радио Милева баба ќе полета

Цеца стана баба по вторпат, Крстан дојде на свет на денот кога е роден Аркан: „Срцето ми беше во грло“ (фото)

Цеца стана баба по вторпат, Крстан дојде на свет на денот кога е роден Аркан: „Срцето ми беше во грло“ (фото)

Сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана на 17 април на свет го донесе синот Крстан.

Како што пренесуваат српските медиуми парот веднаш штом дознале дека бебето е момче знаеле дека ќе се вика Крстан.

-Јас така се испланирав. Пред да се роди Жељко и кажав на Богдана дека вториот син ќе се вика Крстан и ете, се случи и тоа, вели гордиот татко Вељко.

Инаку на денешен ден е роден и Жељко Ражнатовиќ Аркан, а во таа случајност верува и семејството кое е најсреќно на чело со пејачката Цеца која по вторпат стана баба.

– Навистина можам да летам. Многу сум среќна, ова е навистина благослов од Бога. На денешен ден се родил и мојот покоен сопруг, а денес Крстан. Нека е здрав и среќен вториот ден од Велигден. Сè што можеше да ни се случи, ни се случи. Жељко знае дека доаѓа брат му, но не знае дека е роден. Прославата ќе биде во куќата. Бев толку возбудена, срцето ми беше во грлото.

Цеца потоа откри како се чувствува Богдана, и дали Вељко плачел.

– Богдана е добро, фала богу, и навистина не знам дали Вељко заплака. Се грижев за себе и за тоа како ќе преживеам. На крајот на краиштата, ова е интервентно породување, секако дека е стресно, но убаво е – заврши Цеца за српските медиуми.

Богдана и Вељко првпат станаа родители во јуни 2020 година, а малиот Жељко денес доби брат од кого е постар три години.

фото:Инстаграм принсткрин/Цеца

To top