Богата ромска забава не поминува без Цеца Ражнатовиќ.
Српската фолк дива беше главна ѕвезда на ромскиот бал во Скопје каде за своето 50 минутно шоу според пишувањето на медиумите наплатила 50 илјади евра, или илјада по минута.
Во салата Цеца влезе со големо обезбедување, па тешко освен задолжените за нејзината безбеднот и музичарите можеа да бидат до неа.
Цеца со побројно обезбедување од премиерот на Светскиот ромски бал во Скопје pic.twitter.com/wSmmaCNIWj
— Курир (@KurirMK) January 20, 2024
Цеца беше резервирана и за новинарски интервјуа, така што ние како присутни на настанот освен што имавме моженост да ја слушаме и гледаме, не дбивме прилика да поразговараме со неа.
Но она што можевме да го направиме е да го снимиме настапот и непосредно да ја видиме и слушаме.
Цеца на Светскиот ромски бал во Скопје pic.twitter.com/ze86o8HzQG
— Курир (@KurirMK) January 20, 2024
На сцената Цеца и нејзиниот бенд звучеа одлично, а таа од својот репертоар ги отpеа своите најголеми хитови, а и нешто поновитe песни.
Беше облечена во предимензиониран металик светкав комплет од сако и широки панталони, ултра модерна и тренди комбинација која одлично и прилегаше.
Познато е дека Цеца иако е баба на две внучиња, наскоро три, таа не сака да ја нарекуваат баба, а по она што го видовме и со право. Цеца блескаше во младешки сјај, затегната кожа, став и стас, полна со енергија, па дури и енергично играње на сцена со тоа што ретко кој би и ги дал годините кои ги има.
Како изгледаше нејзиниот дел од настапот погледнете во продолжение:
Цеца пее на Светскиот ромски бал во Александар Палас pic.twitter.com/NQq8uzsQvo
— Курир (@KurirMK) January 20, 2024
фото/видео: Курир.мк