Радио Милева позитивна енергија

Цеца Ражнатовиќ не е љубител на зимата, а сега откри која е едиствената личност што би можела да ја извади на снег (фото)

Цеца Ражнатовиќ не е љубител на зимата, а сега откри која е едиствената личност што би можела да ја извади на снег  (фото)

Најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ  одржа два спектакуларни концерти во Јахорина, а сега ги сумираше и нејзините впечатоци.

Цеца откри дека одлично се забавувала, но овој пат нејзиниот фокус бил исклучиво на публиката, а не на зимската магија на која баш и не и се радува.

– Фантастично си поминав, тоа го кажува и мојата насмевка. Јас сум многу среќена и задоволена. Не одев на санкање или скијање, единствениот што може да ме извади на снегот е внук  ми Жељко, но овој пат не беше со мене. Кога работам два дена по ред на исто место, се трудам да се одморам, да зборувам што помалку, за да ги одморам гласните жици. Пресреќна сум и премногу еуфорична – изјавила Цеца за „Премиера – викенд специјал“.

Цеца каде и да се појави добива комплименти за нејзиниот изглед, а како што вели тајната лежи во здравите животни навики и позитивната енергија.

-Денот го започнувам со појадок, тоа подоцна го сфатив, но работам и телото веднаш ми функционира поинаку. Има врска и со генетиката, со внатрешната енергија… Ако постојано размислувате црно, негативно, тоа се одразува и на вашиот физички изглед. Кога ми беше тешко секогаш велев: „И ова ќе да помине“. Но, има и грижа, да не се лажеме. Не е се во природата, грижата е многу важна, начинот на живот, количина на сон. Некој што не спие изгледа уморно, а јас кога имам прилика – спијам.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Викенд Специјал

 

To top