Радио Милева не и се допадна

Цеца им се отвори на новинарите, но едно прашање ја извади од такт

Цеца им се отвори на новинарите, но едно прашање ја извади од такт

Снимањето на новите епизоди од најгледаното шоу „Ѕвезде Гранда“ тече во најдобар ред, а Цеца Ражнатовиќ деновиве пристигна во студиото на Кошутњак весела и расположена.

Таа со својот стајлинг уште еднаш ги украде сите комплименти на присутните, а во разговор со новинарите откри дали е од оние жени кои долго се подготвуваат.

– Брзо се подготвувам. Тоа е навика која се претвори во животен стил, брзо шминкање, брзо дотерување, па не трошам многу време, единствено е што фризерката ми ја средува косата – вели пејачката која повеќе сака да биде во опуштена домашна средина кога камерите се исклучени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

– Ниту една жена не сака да се дотерува секој ден, тешка шминка за сцената, свечена облека… Тоа го имаме секој ден и ми е преку глава. Сакам да бидам дома опуштена, без шминка, наместена коса, тренерки – искрена е Цеца.
Бидејќи Анастасија објави нова песна, новинарите ги интересираше и дали може да очекуваат нешто ново од неа на тој план.

– За разлика од мене, таа снима песни. Ако ми го поставите тоа прашање уште еднаш, ќе се налутам. Да имаше нешто сама би објавила, нема да зборувам вака. Верувам дека песната ги наоѓа пејачите и се надевам дека некој од авторите ќе смисли нешто за мене – заврши Цеца низ насмевка.

фото:Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

To top