Најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан, на својата Инстаграм приказна се пофали со видео на кое се гледа како го украсила својот дом за Божиќ и претстојните новогодишни празници.
Одејќи по долгиот ходник, Ким фотографираше неколку новогодишни елки без украси на кои имаше имитација на снег, а потоа влезе во собата со бела гарнитура, бело пијано на кое некој свири и голема елка со жолти светилки.
Звукот на пијаното се слушаше во текот на целото снимање, а едноставноста која и се допаѓа на Ким веќе им е позната на сите, па никој не очекува ништо пораскошно од неа за божиќните празници.
Неодамна таа се пофали како го украсила својот двор, а дрвјата кои се со иста големина ги украсиле со илјадници бели светилки.
Инаку, нејзината куќа во која живее со четирите деца и претходно била тема на медиумите бидејќи е уредена во строго минималистички стил.
Наводно, куќата била дизајнирана со помош на минималистичкиот архитект Клаудио Силвестрин, кој работел на мансардата на нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест на Менхетен.
Во интервју за магазинот „Вог“ минатата година, таа изјави дека во нејзината куќа сè е беж.
„Открив дека има толку хаос во светот што кога ќе се вратам дома сакам да бидам во тишина“, а таа се пошегува дека е во шок бидејќи нејзините четири деца сѐ уште не ја „уништиле“ куќата со нивните игри и бои.
Да потсетиме дека 43-годишната Ким е една од најпознатите ријалити ѕвезди во светот. Таа и нејзиното семејство се прославија со шоуто „Keeping Up With The Kardashians“, кое се емитуваше повеќе од десет години.
Нивните животи секојдневно ги следеа камерите, а се претворила во голем бизнис, поради што денес се едни од најбогатите луѓе на светот.
Фото: Принтскрин/Instagram/kimkardashian