Македонскиот кантавтор и пејач Зоран Рудан – Цеки, инспириран од урбаната книга на авторот Зоран Спасов – Ѕоф, која е вистински бестселер меѓу читателите во македонската метропола, направи песна со ист наслов – „Џабе живиш у Скопје“.
Цеки изјави дека инспирацијата за стиховите ја добил од содржината на книгата ана Ѕоф, а стиховите на песната се ултраносталгични пишувани на максималноавтентичен или што би рекле „хардкор“ скопски сленг, кој за жал, по „поскопјанчувањето“ на престолнината со напливот од провинцијата, е сленг во изумирање.
Така на шега, Ѕоф и Цеки велат дека се едни од последните Мохиканци кои се борат за зачувување на автентичноста на „јазикот на урбаните скопски предци и нивните потомци“… Останатите и онака, џабе живеат у Скопје.
Инаку песната „Џабе живиш у Скопје“ содржи три строфи и заразен рефрен, во кои Цеки го пресликал можеби најдоброто од животот на повеќе генерации стари скопјани. Во неа ќе се најдат многумина родени помеѓу 50-ите и 80-ите години на минатиот век.
Видеото со кое визуелизирана песната е своевиден кус документарец полн со носталгични кадри и емотивни фотографии за Скопје од едно време, со сите негови специфики и особености, култни места, препознатливи локации, навики, мода, начин на живот… Сето она што некогаш бше обележја на главниот град. Секој стих и кадрите од неколку секунди што го следат е своевидна приказна за себе за Скопје од 50-тите, 60-тите, 70-тите, 80-ите, 90-ите… и толку!
Како сето тоа звучи и изгледа спакувано во едно 4-минутно „аудиовизуелно пакетче“ насловено „Џабе живиш у Скопје“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):