ФФМ ги промовираше новите дресови на македонските репрезентативци со кои ќе настапуваме на престојното ЕУРО 2021. Подобро да не ги покажеа. Наместо еуфорија и возбуда – брука и срамота, наместо радување – национално понижување и омаловажување… Новите македонски дресови не ги содржат ниту националните бои, ниту имаат дизајн, изгледаат грдо и штуро, а не како за историско деби на ЕУРО!
Очигледно работата на ФФМ наликува на „трула вишна“! Иста како бојата на новиот национален дрес, кој по ниту еден параметар не е препознатлив, специфичен, уникатен, впечатлив… Освен можеби по апликацијата на рисот, како еден вид симбол на нашето национално богатство.
Но „цвекло“ бојата, нешто помеѓу бордо или „трула вишна“ и циклама е катастрофалнаа утка и антиреклама, за која само за неколку часа во јавноста се крена голема галама. Аловата црвена, симболот на нашето знаме во кое вткаена пролеаната крв на генерации за слобода и независнот, никаде ја нема. Како и жолтата, симболот на македонското „ново сонце на слободата“, на чие место провејуваат некакви „извезени“ светло портокалови линии на ракавите и апликацијата на рисот, кој патем како животно во исчезнување е речиси пред истребување, па праќа чудна порака… Случајна или намерна симболика, во која не скаме да веруваме, ама…
Вака нашиот нов дрес неодоливо потсетува на боите на оној кој оправдано го носат фудбалерите на една Латвија.
За дизајнот и да не говориме… Сонцето од нашето знаме, аплицирано на старите дресови беше многу повпечатливо и многу повеќе одраз на она што е македонски национален симбол, од едвај препознатливиот рис. Барем да ги погодеа боите – дресот алово црвен, рисот жолт, па и некако! Вака, да не е трагично, би било смешно! Ама сепак е трагикомично!
Резервните варијанти, налик на главната.
Онаа белата, можеби до некаде, ама само до некаде ги оправдува очекувањата, а таканаречениот трет дрес – одново катастрофа!
Наместо жолт со бело или црвено, добивме црн со портокалово? Па случајно обете репрезентации да истрчаат на терен во истата опрема, дали сме Холандија со која треба да играме на ЕУРО или Македонија, никој нема да препознае?! Со тоа што Холанѓаните ќе си бидат во своите препознатливи – алтернативни бои, а ние?
Споредете, па обидете се да ја пронајдете разликата… Освен во грбот и производителот, секако.
Се’ на се ФФМ одново се избрука…Сакајќи да се пофали со промоција на новата опрема, наместо воодушевување предизвика разочарување, па и отворен потсмев дури и кај фудбалерите.
Македонската јавност исто така згрозена, социјалните мрежи за час зовреа, па набрзина со петиција се бара враќање на старите дресови и настап на нашите фудбалери на ЕУРО во препознатливата опрема.
А, дали ќе бара некој одговорност и оставки од „некадарните“ кадри на Фудбалската Федерација на Македонија или ќе ја премолчиме и оваа агонија?
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/koj-go-izbrisha-sonceto-shto-denes-nad-makedonija-se-ragja-od-nacionalniot-dres-na-makedonskite-fudbaleri-vo-albumot-na-panini-foto/