Пејачката Антониа Гиговска ужива во бременоста, а многу од нејзините труднички моменти преферира да ги објавува на Инстаграм и да ги споделува со своите фанови и следбеници.
Најново е тоа што влезе до тертиот триместар од бременоста, а ако се водиме по тоа, пејачката би требало да се породи кон средината на месец јули.
Она што идната мама се почесто сака да го објавува е нејзиниот гол нараснат труднички стомак.
View this post on Instagram
Па така, неодамна се прошета разголена со кратка црна топ маичка и тоа во ресторан. Ваквиот изглед за многумина беше несоодветен и невкусен, а пак за други сесема оправдан со образложение дека секој може да го прави она што го сака и чувствува.
Во вакви разголени труднички изданија до неодамна ја гледавме Ријана која се трудеше да постави нови модни труднички стандарди и дека придонела трудниците да имаат поголема слобода и да бидат поопуштени кога е во прашање нивното тело и неверојатните промени кои се случуваат во него.
Гиговска веројатно се огледува на ваквото правило, па не многу и е грижа што кажал овој или оној.
За потсетување, Гиговска од неодамна се стави на пауза на музички план.
До породувањето кое е планирано да се случи во една приватна скопска клиника останува уште некој месец, а дотогаш идната мама ќе се препушти на одмор, релаксација и подготовки за бебето чиј пол се уште не го открила.
фото:Инстаграм принтскрин/Антониа Гиговска/ Профимедиа/Backgrid USA/АП/Vianney/ Le Caer