Мегафон шоуто може да почне

„Тропико бенд“ вечерва ве чекаат на голем концерт во ВИП арената Борис Трајковски

„Тропико бенд“ вечерва ве чекаат на голем концерт во ВИП арената Борис Трајковски

Српската атракција „Тропико бенд“ вечерва ќе го одржи најавениот голем скопски концерт во ВИП арената Борис Трајковски. Сцената веќе е подготвена, светлото, озвучувањето и сите останати детали кои овој онцерт ќе го направат единствен. Како и доживувањето на публиката, кое нивните настапи потоа долго ги памети. Што значи дека шоуто може да почне.

Сале и екипата ветуваат два и пол часа добра забава, вистинска концертна журка каде во еден глас ќе се пејат нивните хитови, ќе се патува низ сеќавањата на нивните балади, ќе се танцува, дружи, весели,пее,  пие, забавува на брзите песни од нивниот репертоар.

Затоа не двоумете се каде да ја поминете саботната вечер… Зашто саботната музичка треска вечерва ќе биде во ВИП арената Борис Трајковски од 21.00 часот.

Тропико бенд ви ветуваат дека не само што нема да зажалите, туку задоволството ќе биде обострано. Вашето од нивната забава, нивното од Вашето присуство на нивниот голем скопски, музички, концертен спектакл!

 

To top