Пред престојниот голем солистички концерт на 28 април 2018 во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје, членовите на „Тропико бенд“ денес, 19 април точно напладне го промовираа видото за новата песна „Синови таме“.
Се работи за своевидна дует соработка помеѓу вокалот Александар Цветковиќ – Сале и членовите на бендот со популарниот пејач Џенан Лончаревиќ, во темата која е заедничко музичко авторство на Сале и композиторот Драган Брајовиќ – Браја, кој ги напишал и стиховите за истата. Аранжманот го потпишуваат Марко – Тропико и уште еден стар соработник на бендот – Александар Гавриќ, додека зад видеопродукцијата стои Ведад Јашаревиќ.
Како што изјави самиот фронтмен на „Тропико“ на неодамнаешното кафе дружење со македонските новинари, со композиторот Браја темата долго ја имале и ја чувале во фиока… Кога се појавила потребата за нова песна која секако изискувала дует, без дилема повторно го повикале нивниот стар пријател и соработник Џенан Лончаревиќ.
Инаку, како што и самиот Сале апострофираше, во видеото не доминира љубовната тематика, туку е повеќе приказна од белградското криминално подземје во која главната улога ја има уште еден стар познаник и соработник на групата, актерот Вук Костиќ, а Сале и Џенан се појавуват само во еден кадар на неколку секунди во спотот…
Како звучи песната и како изгледа визуелизацијата на „Синовите на темнината“, погледнете премиерно во продолжение: