Радио Милева животна приказна

Трнливиот пат на Милан Милошевиќ: На 18 години работел како келнер, живеел тежок живот, а најмногу се радувал кога починал татко му (фото)

Трнливиот пат на Милан Милошевиќ: На 18 години работел како келнер, живеел тежок живот, а најмногу се радувал кога починал татко му (фото)

Милан Милошевиќ влезе како учесник во првата сезона на реалити програмата „Задруга“, а потоа стана водител. Милан по пет години донесе одлука да ја напушти телевизијата „Пинк“, а малкумина ја знаат неговата тажна животна приказна.

Имено, кога Милан имал само осумнаесет години, работел како келнер, а како што еднаш рекол, најмногу се израдувал кога му кажале дека татко му починал.

Милошевиќ за време на престојот во „Задруга 1“ зборуваше за семејните проблеми, како и за тоа што поминале тој и неговата мајка поради неговиот татко. Потоа го растажи регионот со својата шокантна животна приказна.

– Мама беше бремена цело време, имаше 20 абортуси. И кога останала бремена отишла кај комшиката да позајми пари за абортус и соседот и рекол: „Оди роди го ова, ова ќе биде дар од Бога“ и решила да ме роди мене. Немала што да јаде. Мојот термин беше 15-ти јуни. Почнаале болките и ме роди на нејзиниот роденден на 1-ви април. И кога се родив, тој се смирил една година изјави тогаш Милан.

– Еднаш го прашав татко ми зошто не можеме да имаме елка за нова година, и тогаш првпат ме претепа. Какво украсување во куќата! По неколку дена ја заклучил куќата и ја заковал вратата со даски. Ја стави масата на средина од собата, не заклучи и ја запали. Јас врескам, Зоран вришти, мама вреска. И тој беше таму. Сака да гори со нас. Тогаш го удрила за прв пат, во борбата за своите деца. Оттогаш јас барам момент да се справам со него – рече тогаш.

Од средината на деведесеттите, Милан Милошевиќ почнал да работи како келнер во локално кафуле, по што, според него, почувствувал подобрување во животот.

– Во февруари 1995 година татко ми имаше срцев удар. Во март почнав да работам како келнер. Тогаш видов дека има друг живот. Таа елка веќе не ми беше важна. Божиќ е поинаков за нас. Потоа почнав да работам. Наполнив 18 години во 1995 година. Тој почина во мај. Соседите пријавуваат дека умрел, доаѓа мама, среќен сум, и велам на мама да свари кафе, да ја отвори вратата и наводно да почнеме да плачеме – рекол тогаш Милан.

Фото:Принтскрин/milanmilosevic_official

 

To top