Мегафон

Триумф на кумановскиот бенд „КИ“ на музичкиот фестивал во Ровињ

Триумф на кумановскиот бенд „КИ“ на музичкиот фестивал во Ровињ

Кумановскиот состав „КИ“ продолжува да реди успеси на фестивалските сцени во регионот, а минатата, мошне успешна, 2017 година ја заокружи со уште една победа. Имено, групата го освои првото место на музичкиот фестивал во Ровињ, во Хрватска, па освен наградата од 5.000 куни (околу 40.000 денари), доби можност да настапува и на следното издание.

Ровињ мјузик фестивал“ е основан во 2009 година и е посветен на креативното музичко творештво, односно промоција на авторската музика на млади неоафирмирани изведувачи и бендови.

Деветтото идание на фестивалот се одржа од 28 до 31 декември 2017 година, а покрај натпреварувачките бендови, свои настапи имаа и „Атомско склониште“, „Лорелај“, „Негдје измеѓу“, „Елементал“, „Најт експрес“ и други.

Освен на овој, кумановците минатата година победија и на „Заечарската гитаријада“ како и на „Мини гитаријадата“ во Врање, соседна Србија. Првата награда на „Гитаријадата“ му донесе и комплетна продукција на албум, за кој се надеваме дека ќе стигне годинава. По првата песна „Град“, бендот неодамна ја објави и темата „Кристален круг“, која можете да ја слушнете во продолжение.

https://www.youtube.com/watch?v=nc9TQltQyBY

To top