Тие три покрај тоа што се згодни, атрактивни, заводливи, сексапилни, вистински дами, сите три се меѓу најпопуларните македонски ТВ водителки со години наназад. Работеле на различни медиуми и ТВ фреквенции, но секаде каде што ќе се појават, со својот изглед, шарм и говор пленат. Ја освојуваат ТВ публиката на прва, па затоа таа им останува верна каде и да се, секаде каде што нивниот лик и појава ќе осамне, без оглед дали е тоа на ТВ екраните или на некоја манифестација, конференција, фестивал, настан, случување, било каков ивент…
Имињата на Јована Стојменовиќ, Ведрана Ѓорѓевиќ и Билјана Дебарлиева секогаш се гаранција дека ТВ гледачот или организаторот не можел да направи подобар избор.
Токму трите во интервју за „Jingle TV“ ги раскажаа своите ставови и искуства, за нивното, но и туѓо присуство во професијата на оние што заслужуваат да бидат дел од неа и оние што случајно заталкале во истата. Но и за она што се нарекува било која друга јавна професија, како естрадната на пример, во која секој не заслужува да се нарече естраден уметник.
Така, Јована и Ведрана удрија по македонскта естрада, во која има многу непознати ликови, кои стихијски се појавуваат и сакаат преку ноќ да бидат ѕвезди.
„Ми се чини стихијски овде кој ќе се појави на некој портал, тој веднаш е најактуелен кај колегите. Треба малку да се прочепка, кој тоа се’ треба да биде дел од некакви јавни конференции, манифестации, настани и сл.“ – изјави Јована во интервјуто за „Ексклузив“ на „Jingle TV“ , чие излагање, како и оние на нејзините колешки Ведрана и Билјана, можете да ги проследите во продолжение на видеото (КЛИКНИ ТУКА):