Промотер

Женското гудачко-вокално трио со нова поп-класика: „Trinity Strings“ ќе ви ја отсвират и испејат – „Кон тебе полетав“ (ВИДЕО)

Женското гудачко-вокално трио со нова поп-класика: „Trinity Strings“ ќе ви ја отсвират и испејат – „Кон тебе полетав“ (ВИДЕО)

Александра Мирсинова – виолина, Ирена Стојановска – виолина и Марта Куч – волончело, познати како женското трио „Trinity Strings“ имаат нова песна и спот.

Станува збор за авторска песна на Николче Мицевски кој ги направи музиката и аранжманот, а снимена е во студиото ХXL  на Дејан Момироски. Текстот е дело на Ирена Стојановска, а носи наслов „Кон тебе полетав“.

За разлика од нивната последна тема „Да или не“? во која  девојките го синтетизираа модерниот звук со класичните инструменти, создавајќи своевиден микс на етно, техно поп и класика, овој пат покрај доминацијата на класичните инструменти се работи за стандардна поп – денс тема, збогатена со звуците на  гудачкото трио и нивната свиречка умешност.

Инаку ова е нивна четврта песна која е визуелизирана и со видеозапис кој е снимен на две атрактивни локации, под режисерската палка на Крсте Шупев.

Во продолжение проследете како звучи и изгледа кога девојките од „Trinity Strings“ ќе ви отсвират и испејат – „Кон тебе полетав“:

To top