Познатата актерка Селма Хаек ги воодушеви следбениците со идејата која ја сподели на својот Инстаграм, а се однесува на проблем со кој се соочуваат сите, па дури и нешто по дваесетите.
Хаек на својот Инстаграм објави видео во кое покажа како се подготвува за настан и откри брз трик за покривање на седата коса.
„Кога сама си ја средувам косата, ги премачкувам седите влакна со маскара“, открила 57-годишната актерка, а потоа покажала како нејзиниот фризер ја покрива седата коса со специјален спреј кога косата не е фарбана.
View this post on Instagram
„Не морам да ја фарбам на секои три недели“, вели таа во видеото кое ги воодушеви нејзините следбеници и собра повеќе од 234.000 лајкови, а во коментарите одговори и актерката Ева Мендез.
„Сега е официјално, нели? Ти си најубавата жена на светот?“, ѝ напишала Мендез.
фото:Instagram printscreen/ salmahayek