Радио Милева Од убиец до Казанова

Триесеттина жени му испраќаат љубовни писма: Момчето што со пушка ги изрешета дилерите кои му се закануваа нему и на неговиот брат, стана неодолив!

Триесеттина жени му испраќаат љубовни писма: Момчето што со пушка ги изрешета дилерите кои му се закануваа нему и на неговиот брат, стана неодолив!

Љубовни и писма полни со поддршка пристигаат на адресата на сплитскиот Жупански суд, наменети за 25-годишниот Филип Завадлав, осомничен за убиство на три лица. Тој во моментот се наоѓа на вештачење на Клиниката за психијатрија Врапче, пишува „Слободна Далмација“.

Според извори на „Јутарњи лист“, пак, досега пристигнале над 30 писма, испратени од цела Хрватска. На Завадлав му пуишуваат жени од различна возраст од Риека, Загреб, Осиек, па дури и од Сиднеј.

Скоро секое од тие писма почнува со „Драг Филипе…“, а добива и малечки срца како поддршка, со утешни зборови дека не е сам, да издржи, дека ќе го чекаат засекогаш.

Завадлав е момчето што со пушка ги изрешета дилерите кои му се заканувале него и на неговиот брат.

To top