Радио Милева

Три месеци штедела: Сопругата на Шако Полумента за неговиот 58 роденден купила подарок вреден 10 000 евра

Три месеци штедела: Сопругата на Шако Полумента за неговиот 58 роденден купила подарок вреден 10 000 евра

Пред десет години пејачот Шако Полумента се раздели од неговата сопруга со која има три деца. Меѓутоа, пејачот и неговата сопруга сфатиле дека меѓу нив се уште има љубов, па си дадоа втора шанса.

Колку нивната љубов е силна покажува изненадувањето кое Весна го подготвила за 58 роденден на Шако кој го прославил во кругот на семејството и пријателите.

Како што тврди извор близок на семејството Полумента, таа со месеци штедела за изненадувањето на сопругот и на крајот му купила часовник од 10 000 евра.

„Весна и Шако се заедно повеќе од 20 години и заедно поминаа многу работи. Секогаш се грижеа еден за друг и им значат заедничките роденденски забави. По традиција се собира целото семејство и се слави неколку дена. Весна неколку месеци размислуваше што може да му купи на Саша и се сети дека нејзиниот сопруг многу сака скапоцени часовници, па одлучи да му купи часовник“ вели изворот и вели дека токму поради тоа штедела три месеци и секојдневно оставала пари за заштеда.

Кога Весна им кажала на пријателите и децата што сака да му купи на Шако, сите мислеле дека се шегува бидејќи било непотребно да троши толку пари.

Таа сметала дека треба да му се одолжи што со години вредно работи за неа и нивните деца.

To top