Бугарин од ромско потекло, кој носи женска облека и се шминка, чије име е Рашија Иванова, попознат под прекарот Рашија – Гранде, кој сам си го дал на социјалните мрежи, ја малтретира поп-фолк дивата Галена.
Трансвеститот ја користи секоја можност да и пишува на пејачката на социјалните мрежи за таа да се согласи на дует со него.
„Ајде да видиме која е подобра, бидејќи слушнав од сигурни извори дека Галена рекла дека воопшто не можам да пеам. Јас, Рашија, велам „Ајде да пробаме“. Јас многу ја почитувам, но некои од моите обожаватели слушнале дека вели оти не можам да се натпреварувам со неа. Те предизвикувам, Галена, да направиш дует со мене“ – напишал(а) Рашија, па дури и оставила коментари под фотографиите на sвездата на со повик да ја контактира во лична порака.
Инаку, Рашија во Бугарија стана хит на социјалните мрежи еден ден по натпреварот помеѓу Бугаринот Кобрата и Ентони Џошуа. Трансвеститот потоа објави видео со вештачки стомак и објави дека очекува неколку бебиња од Џошуа, раскажувајќи како наводно се сретнале и ги стуткале чаршафите по мечот.
Претходно Рашија објави јавен оглас на англиски на својот фејсбук профил, преку кој бара сериозен партнер за снимање порно видео со него?!
Дали добил(а) одговор и дали се пријавиле кандифати на конкурсот, за сега Рашија не објавил(а), ама затоа импресивно е што тој/ таа дури и не може правилно да го изговори името на својата сакана пејачка, која пак е актуелна со новиот хит „Каде беше ти?“.
Извор: Монитор