Се’ попопуларните Таско и Тракер заедно во нов проект на Урбан Рекордс продукција, каде Таско се појавува како гостин во новата трап песна на Тракер. Оваа не им е прва соработка на двоецот Таско Тракер, тие летото минатата година снимија спот за „Не ме боли“. Сега Тракер и Таско ни доаѓаат со „Црна мечка“.
Музиката и текстот се на Андреј Трајковски – Тракер и Христијан Тасковски -Таско, аранжман и мастеринг на Иван Јованов -Ивајо, спотот комплетно го изработи Гордан Божиновски „God Eye Production”, а за организацијата и графичкиот дизајн се погрижи Борис Тасковски.
Спотот е снимен на две локации во Македонија, во Кавадарци и во Велес, во една голема поранешна дискотека, во кој се појавува луксузен црн Мерцедес од ЕС класата.
Од продукцијата кои неуморно работат, знаат да кажат: „Оваа песна како да влезе преку ред по барање на фановите, кои искрено ги почитуваме…Следно спремете се за Балкан Банда на Таско“…
Дотогаш Тракер и Таско ќе ве возат во нивната „Црна мечка“: