Поранешниот тренер на Ливерпул Жерард Улие почина на 73 годишна возраст, јавуваат англиските медиуми.
Улие помина шест години на „Енфилд“, а беше тренер и на Лион и ПСЖ, како и селектор на Франција.
Тој починал само неколку дена по операција на срцето. Веста за неговата смрт ја потврдуваат и угледните француски медиуми.