Таткото на пејачката Маја Шупут почина по тешката битка со болеста со која се мачеше во изминатите три години.
Маја со емотивна порака на социјалните мрежи се прости од својот татко.
„Беше маж кој секој ден е во кошула, сако, чиста коса, парфем кој се чувствува секој ден во влезот…Беше шегаџија. Беше најгорд татко на светот, а денот кога му реков дека ќе почнам да пеам, му беше најсреќен ден во животот. Се што се случи во мојата кариера по неговата болест следеше со голема среќа. Пет пати во денот ќе ми се јавеше да ме праша каде ќе пеам во петок, каде во сабота, а во недела ме прашуваше како сум поминала. И неговата гордост беше неверојатна“, се потсети пејачката и додава:
„Последните три години не можеше ни да ми се јави, ни да зборува со мене. Не сакам да зборувам за тоа бидејќи ми е многу болно.Најголем херој во оваа приказна е мојата мајка. Секој ден, секоја минута, последните 16 години ги посвети на него. Тој ја имаше среќата што ја имаше неа, да му го олесни достоинството колку што може, напиша пејачката.