Тригодишниот син на познатиот актер Срѓан Жика Тодоровиќ(52) Дејан, ненадејно почина вчеравечер во Белград од се уште неутврдени причини.
Како што пренесуваат српските медиуми, синот на Срѓан имал проблем со респираторниот систем.
Брзата помош синоќа околу 18:30 часот пристигнала во домот на Тодоровиќ и се обидела да го реанимира детето, но тоа веќе било мртво.
Жика и Ана 12 години чекаа единец. Двајцата се венчаа во 2004 година, а пред тоа се забавуваа шест години. Се венчаа на Цетиње во семејниот дом во кругот на најблиските пријатели.
Кон средината на 2014 година, по макотрпната борба за потомство, го добија синот Дејан чие име го доби од мајка си Ана.