Синот на Скоти Пипен, легендарниот американски кошаркар, почина на 33-годишна возраст, објавија сите странски медиуми. Невидена трагедија во домот на асот на „НБА“ ја потресе целата планета, а се уште не е потврдено што ја предизвикало смртта на Антрон Пипен.
Тој лично на својот профил на Твитер ја објави веста дека го изгубил најстариот син.
I’m heartbroken to share that yesterday, I said goodbye to my firstborn son Antron. The two of us shared a love for basketball and we had countless conversations about the game. (1/3) pic.twitter.com/Zt3wo8wpcg
— Scottie Pippen (@ScottiePippen) April 19, 2021
– Срцето ми е скршено, се збогував со мојот првороден син Антрон. Двајцата споделивме љубов кон кошарката и водевме безброј разговори за играта. Антрон страдаше од хронична астма и, доколку ја немаше, навистина верувам дека ќе стигнеше до „НБА“ лигата. Сепак, тој никогаш не дозволи тоа да го изневери, тој остана позитивен и работеше напорно, и јас сум толку горд на човекот што стана. Те молам, Боже, имај ги на ум и молитвите неговата мајка Карен и целото семејство и пријатели. Љубезно срце и убава душа заминаа прерано. Те сакам сине, смири се додека не се сретнеме повторно – напиша неутешниот Скоти.
Антрон беше најстариот син на Пипен од првиот брак со Карен Маколум. Двојката беше во брак две години, од 1988 до 1990 година.