Американската актерка Тори Спелинг (50) ги загрижи своите обожаватели откако папараците ја забележаа како излегува од болница покриена со лузни.
Поранешната ѕвезда на серијата „Беверли Хилс 90210“ пристигна во четвртокот во Итната помош во Лос Анџелес и помина четири дена во болнички кревет. Кога излегла, актерката имала брчки на лицето и седела во инвалидска количка.
Дури и на фотографиите таа е очигледно вознемирена и и треба помош за да стане од количката.
Од болница објавила фотографија од раката со инфузија со која ги загрижи нејзините следбеници.
– Четврти ден овде и многу ми недостигаат моите деца. Горда сум што се толку храбри, издржливи и можат да останат позитивни без разлика на тешките ситуации – напиша таа, но не сакаше да ги открие деталите за болеста.
Да потсетиме, на почетокот на месецов многумина беа изненадени од фотографиите на актерката пред камперот каде наводно живее со своите пет деца. Тори неодамна се разведе од актерот Дин Мекдермонт (56).
Тори на публиката и е најпозната по улогата на Дона во тинејџерската серија „Беверли Хилс 90210“ од 90-тите, а нејзиниот татко е познатиот холивудски продуцент Арон Спелинг. Како девојче, таа пораснала во голем замок во богат кварт со нејзиниот татко и мајка Кенди.
Фото: Принтскрин/Профимедиа