Топалко пееше пред публика во познатата белградска сала, а среде концерт му се случи неочекуваното. Имено, некогашниот победник во „Ѕвездите на Гранд“ остана без глас.
Милан и се обрати на публиката со извинување и наведе дека има проблеми со гласот, па поради тоа мора да прекине со пеење.
Публиката беше во шок поради она што го слушна, пренесуваат српските медиуми. Топалко брзо се повлече од сцената, многу брзо по почетокот на концертот.
Потсетуваме, Милан Топаловиќ со овој концерт требаше да обележи десет години музичка кариера, а се прослави во музичкиот натпревар кај Саша Поповиќ и „Гранд“ продукција, по што имаше и неколку хитовски песни.