Радио Милева

Тони Зен: „Не си маж ако не си заплакал во животот!“

Тони Зен: „Не си маж ако не си заплакал во животот!“

Со векови, постои стереотип дека не си маж ако плачеш и дека ова емоција е „резервирана“ единствено за понежниот пол.

Момците од мали деца растат со „правило“ според кое плачат само девојките и дека солзите се олицетворение на слабоста, негативноста на машкоста и најнепосакуваната машка карактеристика.

Ова е причината зошто психолозите тврдат дека кога мажот плаче, тоа е многу силна емоција. Без разлика дали плаче од среќа или тага.

За разлика од мажите, солзите на жените се целосно комерцијални.

Раперот Тони Зен во своето најново интервју за „Машки магазин“, го руши токму овој стереотип за кој вели:„Не си маж ако не си заплакал во животот!“

Со тоа јасно и јавно даде до знаење дека иако надворешно доминира неговата јака маженственост, Тони е емотивна душа која признава дека е човечки да се плаче, а тоа нема зошто да е срамно за еден маж и да се сокриваат емоциите.

На неговиот став се надоврза и Стефан Филиповски од „Некст тајм“, кој го сподели интервјуто на Тони и на својот Инстаграм кратко и јасно му потврди со „Па да бе“.

Емоциите предизвикани од убави или не толку убави моменти, е здраво да се изненсат надвор од себе, а веќе знаеме кои момци од нашата естрада имаат во себе вакви силни чувства кои изледуваат на површината во еден толку чист облик.

To top