Радио Милева

Тони Зен го има најдоброто друштво за уживање на снегот во Банско – наследникот Јасен (фото)

Тони Зен го има најдоброто друштво за уживање на снегот во Банско – наследникот Јасен (фото)

Тони Петковски или на јавноста познат како Тони Зен  целосно е повлечен од јавниот живот, односно експонирањето пред очите на јавноста, а исклучок се неговите настапи како диџеј.

Имено, тој не сака многу да се експонира во медиумите со својот приватен живот, па така претходната година како бомба одекна веста дека Зен тајно се оженил и станал татко.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/gordost-na-tato-toni-zen-za-prvpat-go-pokaza-sincheto-jasen-foto/

Тони во 2019 година заплива во брачните води со неговата животна избраничка Валентина, а како што пишуваа тогаш медиумите нивната свадба се случила во кругот на најблиските пријатели.

фото: Принтскрин/инстаграм/валентинајованова

Иако диџејот не е многу активен на социјалните мрежи кога станува збор за приватност, сепак овој пат направи исклучок.

Имено, периодот многу македонски јавни личности го искористија  за да заминат некаде на зимување и да уживаат во студените денови.

Така некои заминаа во Банско, некои на Копаоник, а други се одлучија за нашето Маврово и Попова Шапка.

Тони батериите ги полни во соседна Бугарија, поточно во Банско, а тој го има најдобро друштво, односно сопругата Валентина и синот Јасен.

Диџејот овие прекрасни моменти ги забележи со неколку фотографии, па со најубавите направи колаж кој го сподели на својот „Инстаграм“ профил.

Освен што Зен се качи на скии, во раце го зема и своето синче, па тато уште од мал го учи наследникот на скијање.

To top