Радио Милева

Тони Цетински и сопругата се преселија во стан од 40 квадрати

Тони Цетински и сопругата се преселија во стан од 40 квадрати

Еден од најпознатите пејачи во регионот, Тони Цетински и неговата сопруга Дубравка се преселија во стан од 40 квадрати во Опатија.

Тие одлучиле да живеат во град од 10 000 граѓани, а тоа им годи.

Како што велат никогаш не им било поубаво, а за индекс.хр пејачот откри зошто токму одлучиле да се преселат во Опатија.

Имено, неговата сопруга оздравува од мозочниот удар кој го доживеа претходната година, а токму во Опатија оди на терапии.

Цетински вели дека по здравствените проблеми, неговата сопруга намалила со темпото на работа и дека новиот начин на живот и годи.

За потсетување, во 2017 Тони и неговата сопруга од Загреб се преселија во Ровињ.

To top