Промотер

„Тонал“ ја обработи безвременската – „Еден бакнеж“ (ВИДЕО)

„Тонал“ ја обработи безвременската – „Еден бакнеж“ (ВИДЕО)

Иако неговата музичка приказна започна во 2011 година, Томи Апостолов алијас  „Тонал“ дури сега се одлучи на ваков чекор – да преработи македонски евергрин.

„Идејата зад концептот на ’Тонал’ е дека музичкото дело треба да биде безжанровско, односно да е секогаш различно и хетерогено“, вели музичарот, кој дел од својата музичка кариера ја посвети на групата „Колт“ (2014-2016), продуцирајќи ги двата албума на бендот, како и двете самостојни изданија и првенчето на колешката Емилија Славковска.

Имајќи го предвид неговото досегашно творештво, сочинето од авторски дела, нè заинтригира одлуката да направи преработка.

Ова е првата преработка што ја имам студиски снимено“, вели тој. „Искрено не знам зошто токму сега се решив на овој чекор. ’Еден бакнеж’ е песна која што отсекогаш ми била драга, но во мојата глава ја слушав во еден поинаков аранжман.“

Отпеана за првпат од Зоран Георгиев во далечната 1962 година на фестивалот „Опатија“, но уште попознат во изведба на легендарната Нина Спирова, безвременскиот хит е потпишан од Петре Пешев и Драган Ѓаконовски – Шпато, сега, „Еден бакнеж“ добива уште една, сосема нова димензија, во малку помрачна, но истовремено оптимистична психоделична рок-џез варијанта, благодарение на длабокиот и прогонувачки вокал на „Тонал“.

Извор: РадиоМК

To top