Промотер

Томче и Шарки ќе ви објаснат што значи кога животот ти е како на „Коцка“ (ВИДЕО)

Томче и Шарки ќе ви објаснат што значи кога животот ти е како на „Коцка“ (ВИДЕО)

Двоецот Дарко – Шарки и Томче  го промовираа новиот сингл „Коцка“, зад кој стои авторскиот тим Ангел Ќосев, кој ги напиша музиката и аранжманот, и Андријана Маркоска, која е коавтор на музиката, а чии се стиховите на песната.

Спотот  го направил уметничкиот фотограф и режисер  Дарио Јанковиќ, а снимен е на браната Козјак и казиното „Винер“ кај Чешма, во Кисела Вода, каде што и се одржа промоцијата на која водител беше популарната Александра од „Брза кујна“.

Песната покрај македонската има и српска верзија насловена „Коцкам се“ и истата Томче и Шарки за две недели ќе ја промовираат и во Белград.

Снимена е во студиото „Подрумот“ со живи инструменти кои ги свират: Гоце Илиоски- тапани, Бока Конга- конги, Васил Потиров- бузуки, Никола Автовски- бас, Ангел Ќосев -клавијатури и Лидија Кочовска која ги отпеала придружните вокали.

Како звучи и изгледа кога животот ти е како на „Коцка“, дознајте од Томче и Шарки во продолжение:

To top