Пејачката Марија Шерифовиќ беше прва гостинка во новата емисија„Шок Ток“. Во многу емотивната исповед, пејачката зборуваше за своето детство, растењето, најтешките моменти, кога била незадоволна и сакала да постигне повеќе во нејзината кариера.
Меѓудругото, покрај Марија, говореше и нејзината мајка, пејачката Верица Шерифовиќ, која раскажа еден настан од периодот кога била бремена со Марија. Верица на еден настап се сретнала со сега покојната фолк легенда, пејачот Тома Здравковиќ, кој како да и ја претскажал судбината на Марија.
„Отидов да пеам на еден концерт со огромен стомак, бев во осмиот месец на бременоста со Марија. Тука беше и Тома Здравковиќ кој ми рече: „Вера, и ова твое дете ти пее од стомакот, друг и втор глас ти пее!“ – се присети Верица, на она што тогаш како вистински пророк и го претскажал Тома, а се обистинило и е она што Марија е денес.