Едно од култните скопски места за нега на културниот дух на градот, Младинскиот кулутрен центар ја има честа пред македонската публика да го претстави германскиот
диџеј и продуцент Том Нови кој повторно ќе застане пред скопската публика на 27-ми ноември, оваа недела во МКЦ. Влезот е бесплатен за сите.
Том Нови е еден од најуспешните хаус диџеи и продуценти кој твори повеќе од 20 години. Неговата музичка кариера започна во 1990-тите, а првото издание, односно неговиот сингл „I House U“, влезе во топ 10 на топ листите за диџеи во 1995 година. Две години подоцна, тој постигна меѓународен хит со „Суперѕвезда“, кој заврши во врвот на топ листите во над 30 земји. Следеа диџејски ангажмани во најелитните клубови и на најважните фестивали ширум светот.
До денес, Novy има продуцирано и ремиксирано за уметници од висок профил како што се Џастин Тимберлејк, The Backstreet Boys, Pink, YokoOno, Ludacris, Erick Morillo, Jimmy Sommerville, Tom Jones, Mousse T и многу други. Покрај неговата импресивна кариера во електронската музика, Нови го освои и забавниот бизнис. Со својот харизматичен изглед збогати бројни ТВ и радио емисии.
Најголемите хитови, полна сала гости, специјален амбиент и двочасовно лудило. Дојдете сите заедно да се забавуваме оваа недела во МКЦ.
Стартот ќе биде во 21:30, влезот еслободен.