Актерот Том Хенкс и неговата сопруга се пуштени од болница во Австралија каде што се лекуваа од корона.
Нивниот син Чет преку видео порака на „Инстаграм“ објави дека тие сега се наоѓаат во самоизолација.
„Моите родители се пуштени од болница. Тие се во самоизолација и се чувствуваат подобро“ вели синот на парот и наведе дека се моли за луѓето кои се борат со короната.
„Мора да останеме мирни бидејќи паниката е безпотребна“ вели Хенкс.
За потсетување, Том замина во Австралија каде што се подготвуваше за снимање на филмот за Елвис Присли.
Од друга страна, неговата сопруга Рита Вилсон беше во Америка бидејќи во Австралија требаше да одржи концерт.