Изминатата недела топ тема од забавните рубрики на домашните медиуми беше љубовниот живот на поп пејачка Елена Ристеска и новиот партнер Филип Арсовски со кој таа потврди дека е во врска.
Иако на почетокот не сакаа јавноста да знае, откако медиумите го обелоденија идентитетот на саканиот на Еленче, таа реши дека нема што повеќе да сокрива.
Имено, пејачката изминатиот викенд се вклучи во живо на својот профил на Инстаграм, а причината за тоа беше награда која ја доделуваше на своите верни обожаватели и следбеници.
Во изборот од наградната игра и помогна токму саканиот, а таа на шега го нарече свој асистент. Иако не му го покажа лицето, јасно беше чија е тетовираната рака, а ова како да беше навестување дека Елена повеќе нема намера ништо да сокрива ама умерено, пополека…
За потсетување, поминаа речиси четири години откако Елена Ристеска се разведе од сега поранешниот сопруг Бојан Ивановски.