Радио Милева

„Толку многу се скаравме што не ми беше добро“: Тања Савиќ проговори за својот однос со сопругот

„Толку многу се скаравме што не ми беше добро“: Тања Савиќ проговори за својот однос со сопругот

Пејачката Тања Савиќ вредно работи на својот нов албум, а во интервју за „Премијера“ откри како се одвива целиот процес.

„Младите слушаат еден вид на музика, а нашата генерација слушаат друга музика. Но, јас сум таков тип што кај мене може се, мислам дека го покажав тоа и дека публиката ми верува. Публиката е подготвена на промени, како што сум подготвена и јас, не  може да останеме засекогаш во ист стил“ вели пејачката.

Нејзиниот сопруг Душко досега и има подарено неколку песни на пејачаката, а како што вели овој пат нејзиниот сопруг мора да и помага во работата.

фото: Пинк.рс

„Можеби сфати дека малку повеќе треба да работи и да се труди. И јас сфатив дека ова не е игра, не е шега, ова наша професија е тешка, а треба да останете прибрани и професионалци“ вели пејачката.

Савиќ откри дека со нејзиниот сопруг имала недоразбирање и се скарале пред да влезе во студиото.

„Денес толку многу се скаравме што не ми беше добро кога влегов во студио. Ништо специфично, недоразбирањето се случи, но тоа е нормално кога сте долго време во брак“ вели Тања и истакна дека се е во ред.

Инаку, често во медиумите пишуваа дека Душко и Тања се разведуваат и дека не се во најдобри односи.

https://www.youtube.com/watch?v=enLE3mmyAts#action=share

To top