Радио Милева воспитување

Толку ја разгалила својата шестгодишна ќерка што е бизарно: Позната Србинка го капе детето во кујнскиот садопер (фото)

Толку ја разгалила својата шестгодишна ќерка што е бизарно: Позната Србинка го капе детето во кујнскиот садопер (фото)

Коко Остин, сопругата на познатиот рапер и актер Ајс Ти, повторно успеа да ја шокира јавноста. Имено, како во минатото да не беше доволно што ја научи да тверка, или што ја дои иако има 6 години, таа веќе во неколку наврати покажа повеќе од чудни методи на родителство.

Значи нема проблем што оди пред ќерката гола, или оди оскудно облечена, што ја вози во количка што е за помали деца, а од друга страна и дозволува да прави нокти нешто што дури и  возрасните не го носат.

Имено, Коко на Инстаграм сподели видео на кое се гледа како малата Шанел се капе не во када, па дури и во лавабото во бањата или корито, туку во кујнискиот садопер!

– Најлесно е да ја капеме во садоперот кога треба да бидеме брзи, напишала атрактивната 43-годишна девојка со симпатичен клип.

Овој потег крена голема бура на социјалните мрежи, па не заостанаа ниту лошите коментари за нејзиното мајчинство:

„Постојано одбиваш да ја оставиш да порасне“, „Таа е доволно возрасна за да се капе, не знам зошто ја претвораш во неспособно дете“, „Болно е колку се трудиш да ја претвориш во бебе иако е веќе возрасна девојка“, „Не е нормално колку си ја разгалила“, „Ова воопшто не ми е слатко – бизарно е“, се само дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coco (@coco)

Па, секако и самата Коко врати на зборовите кои и ги испратија нејзините следбеници.

– Луѓе, сигурно веќе знаете дека се разликувам од сите мајки, продолжи таа. Го правам тоа што ми се прави и што ми е полесно. Некои од вас подобро да учат од мене отколку да ме понижуваат“, одговори таа на Твитер.

Да потсетиме, оваа русокоса на јавноста и стана позната по бракот со раперот Ајс Ти, со кој  стапна на „лудиот камен“ во далечната во 2005 година.

To top