Српските медиуми со денови пишуваат дека Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ повеќе не се заедно. Пејачката неколкупати се огласи околу тоа, но овој пат ги тргна сомнежите.
-Тој си најде друга… но само за спот – низ насмевка открива Рада, а на прашањето дали наскоро ќе дојде до свадба, не сакала да коментира.
-Не би зборувала на тема свадба и генерално такво врзување, вели таа за „Премиера“ и додава дека се уште не размислува за дете.
-Немам уште таква потреба, но можам да кажам дека кога ќе видам како друг има бебе сакам и јас. Но сепак и понатаму некој друг да има, не јас, додава Рада Манојловиќ.