Радио Милева

„Тој ми е најголема поддршка“: Милица Тодоровиќ отворено прозбори зa момчето и бракот!

„Тој ми е најголема поддршка“: Милица Тодоровиќ отворено прозбори зa момчето и бракот!

Иако со својот партнер е веќе четири години во врска и живеат заедно, Милица Тодоровиќ откри дека не планира да оди пред матичар.

Милица деновиве е зафатена со промоција на нејзината нова песна „Шоу програм“. На нејзината промоција на 13 јуни таа успеа да ги собере нејзините родители, пријатели, колеги, новинари. Но, најмногу внимание привлече доаѓањето на нејзиниот партнер Милош Пауновиќ со кого е во врска веќе четири години.

 

По една година врска, Милица и Милош живеат заедно, а таа истакна дека не планира наскоро да заплива во брачните води.

„За се има време. На нас ни е убаво. Еден документ ништо не значи. Се сакаме и се почитуваме, се согласуваме и одлично функционираме. Милош и јас живееме заедно, а кога ќе дојде време тоа да стане официјално пред пријателите, роднините ќе бидете известени. Сега сум зафатена со промоција на новата песна, па немам време да се дружам со пријатели. Милош ми е најголема поддршка. Ми дава љубов, поддршка и со него полесно постигнувам, изјави Милица.

To top