Српските медиуми често знаат да ја опишат Тања Савиќ како една од наискрените на естрдата, па така и овој пат за „Сцена“ откри дека сопругот Душан не и од голема помош кога обврските се во прашање.
-Сопругот не ми помага, тој гледа исклучиво за себе. Во денешно време секој мора за себе да гледа и секако треба така да размислува. Ако не мислиме сами на себе, кој ќе мисли на нас, вели Тања Савиќ. Некогашната учесничка на „Ѕвездите на Гранд“ поради обврски ретко ги гледа синовите овие денови и истакува дека и недостигаат.
Инаку, периоодов за неа се пишуваше дека е бремена, но пејачката демантираше и кажа дека посакува во иднина да биде бремена и да има девојче.