Радио Милева уникатен

Тој е единствениот македонски глумец за кој напишаа песна: Жал ми е, ама Лазар Бараков сите „ги шие“… (ВИДЕО)

Тој е единствениот македонски глумец за кој напишаа песна: Жал ми е, ама Лазар Бараков сите „ги шие“…  (ВИДЕО)

Со старите македонски народни приказни израснаа многу генерации. Времето врви, генерациите се менуваат,  а приказните чиниш како да се направен денес. Се’ уште атрактивни и уникатни и по својата содржина, реализација, актерска  изведба… Ги гледаат и се потсетуваат на нив и повозрасните, им се радуваат и учат од нив  и поновите генерации.

Се разбира,  денес повторно се снимаат нови серијали, со нови помлади актерски ликови, иако се чини дека најзаслужни за нивната популарност се токму актерските легенди како Ѓорѓи Колозов, Ванчо Петрушевски, Шенка Колозова, Гоце Тодоровски, Стојна Костовска, Кире Печијаревски, Лазар Бараков….

За жал, некои не се повеќе меѓу нас, други се’ уште се дел од приказните, додека трети пак гордо се сеќаваат на времето кога ги играа едни од највпечатливите улоги во „македонската играна ТВ лектира“.

И сите тие заслужуваат слава, почит и пиетет, но сепак, само за еден од нив е напишана песна, која му е посветена токму нему – на Лазар Бараков!

Актерот кој за жал, повеќе не снима приказни, ама кого сите го паметиме како еден од највпечатливите ликови на селанецот, меанџијата, ѓаконот, ѓаволот, сиромавиот…

Нема лоша улога за Лазар. Затоа и доби своја песна. Не дека некои други не ја заслужуваат, ама авторот, и самиот актер и дел од поновите серијали на „приказните“ – Горан Трифуновски – Пајак, инаку лидер на македонската рок група „Пеперминт“ е дефинитивно… „Фан на Лазар Бараков“. Па му посвети и песна!

„Ни Мерилин Монро, ни Џејмс Дин, ни Елвис Присли, ни Чарли Шин, ни Бен Афлек, ни Линдзи Лохан… ниту уште цела плејада светски ѕвезди… Жално за овие, ама Лазар Бараков другите ги шие… И секој може да е славен, ама Лазар Бараков за мене е главен“ – пеат „Пеперминт“ во нивниот хит.

А Бараков, онаков каков што го дал Господ, скромен и повлечен, без да се фали, вели дека еден ден му се јавил колегата Горан и му кажал дека има напишано песна за него, па му ја пуштил да ја слушне, а Лазар без поговор му рекол дека нема проблем да ја сними и пушти во етерот!

Така, македонската легенда од народните приказна стана уникатен. Многу македонски актери запеале, некои дури и сериозно се занимавале и се занимаваат со музика, ама Лазар Бараков сите ги шие. Само нему му е посветена песна, па затоа, еден – единствен ни е!

 

 

 

 

To top